Зовриени страсти – две жени во болница после сексот во тројка

Сексуалното дружење во малиот германски град Bad Breisig заврши речиси фатално за страсно трио.

Две жени завршија во болница со скршеници, откако сексот во тројка со еден маж заврши со повреди.

Прво, едната жена ги скрши коските на нозете и стапалата, откако паднала од балконот на висина од три метри, во моменти кога го доживеала сексуалниот климакс.

Нејзината гола пријателка почнала да вреска по нејзиниот пад и истрчала надолу за да и помогне. Се лизнала по скалите, паднала и ги скршила коските на рацете и вратот.

Била повикана брза помош, а лекарите во станот ги пречекал засрамен маж кој морал да каже во детали што се се случило.

Во локалниот весник, покрај статијата за бизарниот инцидент стоел и коментар: „Следниот пат, пробајте bondage sex или врзување.“

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести