На 14 март во спортскиот центар Борис Трајковски, Кики Лесендриќ и Пилоти, заедно со ѕвездите од Икс Фактор, ќе одржат концерт во Скопје. Од учесниците на Икс Фактор доаѓаат Лукијан Ивановиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Доктори и Даниел Кајмакоски. Влезниците од утре ќе бидат пуштени во продажба на продажните места на Купи Карти За Се, како и во стандардните продажни места низ Скопје и цела Македонија: Пола Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад – Рамстор. Цената на влезниците до 5 март е: трибина – 400, партер – 350, фан пит – 700 и вип трибина – 1000.]]>


