Ѝ напишал писмо на сопругата и ѝ кажал дека e стара и непривлечна, еве што му одговорила…

По 30 години брак еден маж ја погледнал неговата сопруга и сфатил дека таа не е повеќе таква каква што била. Потоа зел лист хартија и ѝ напишал писмо велејќи ѝ дека е стара и непривлечна.

„Драга, пред точно 30 години се вселивме во мал, скромен стан како кираџии, возев стара кола, спиевме на стар кревет и гледавме телевизија на црно-бел телевизор… Но, секоја вечер спиев со 23-годишна убавица… Сега имаме своја, голема куќа, две убави коли, огромен брачен кревет и најновиот „LCD“ телевизор, но секоја вечер одам во кревет со 53-годишна жена… Мислам дека веќе не одговараш на моите стандарди и промените што ми се случија во животот…“

Неговата сопруга го прочитала писмото и веднаш му вратила краток и јасен одговор.

„Па, драги не си врзан, што чекаш? Оди и најди си 23-годишна убавица и повторно врати се во мал стан, вози стара кола, спиј на стар кревет и гледај во црно-бел телевизор“!

Најчитани вести