14 лица од кои 10 деца се повредени во несреќа на локалниот пат за гостиварско Падалиште

14 лица се повредени од кои 10 деца во сообраќајна несреќа која се случила денеска околу 12 часот и 40 минути , на локалниот пат за гостиварското село Падалиште.
Товарното возило со кое управувал 47-годишник од ова село излетало од коловозот и се превртило. 10 -годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди и веднаш било префрлено на скопските клиники.
На повредените во гостиварската болница им е укажана лекарска помош и се задржани под надзор. Од болницата велат дека доколку има потреба и состојбата на пациентите се влоши, ќе бидат препратени на скопските клиники.
Според последните информации од Секторот за внатрешни работи  во текот на денот уште 3 лица се префрлени на скопските клиники. Во моментов таму се примени вкупно 4 лица од кои  2 деца и две возрасни лица. Возилото се движело кон Гостивар и, покрај другото, ги превезувало децата на училиште. Увидна екипа во присуство на јавен обвинител вршат увид по што ќе бидат утврдени причините на несреќата.
Извор: 24 Вести

Најнови вести

Најново од Македонија, Хроника

Најчитани вести