До 2011 година тој работел во неколку компании, а минатата година ја започнал постапката против неговите родители, барајќи од нив да го издржуваат, но судијата на семејниот суд го одбил. Случајот сега е проследен до Апелациониот суд и се смета за значаен затоа што може да влијае на правата на секој родител од Велика Британија. Синот сега се жали на пресудата, а успеа и да го привлече вниманието на јавноста, бидејќи би можел да направи преседан што во иднина ќе треба да важи и за другите родители.
И покрај тоа што има дипломирано правни науки на престижниот универзитет во Оксфорд, Садики тврди дека е целосно зависен од неговите родители кои живеат во Дубаи. Тој е невработен веќе десет години и живее во стан во лондонскиот Хајд парк вреден 1,14 милиони долари, чии сопственици се неговите родители. Тие, исто така, ги плаќале и неговите сметки, и му давале по 550 долари неделно џепарлак. Но, по сериозна расправија со неговите родители тие му се заканиле дека ќе прекинат со нивната поддршка.
Ова не е прв пат Садики да се појавува во медиумите. Пред неколку години го привлече вниманието на јавноста затоа што го тужеше Универзитетот во Оксфорд тврдејќи дека оваа институција не му обезбедила соодветно образование, што наводно и влијаело на неговата кариера. Тој ја процени загубата на 1,4 милиони долари, но судија и тогаш го одбил и тоа неговото барање.
]]>


