50 години од филмот „Битката на Неретва“: Два моста биле кренати во воздух, Пабло Пикасо го направил постерот, а буџетот лично го одобрил Тито

Филмот е снимен според вистински настан, а премиерно бил прикажан на 29 ноември 1969 година во Сараево. 800x450 (1) Во филмот се појавија многу познати светски ѕвезди како Орсон Велс, Јул Брајнер, Сергеј Бондарчук, Ентони Досон, како и домашни: Милена Дравиќ, Борис Дворник, Љубиша Самарџиќ, Велимир Бата ​​Жиивојиновиќ, Ристо Шишков… 800x450 Филмот бил номиниран за Оскар, прикажуван насекаде низ светот, а плакатот за англиската верзија на филмот го изработил Пабло Пикасо и, како што велат, не побарал хонорар. На снимањето, во интерес на филмот два моста се кренати во воздух, а конечната бројка на буџетот наменет за овој филм сè уште не е точно позната. – Освен тоа што „Битката на Неретва“ беше најскапиот филм во своето време, можно е тој сè уште да е најскапиот филм на Балканот. Се снимаше година и половина, ЈНА отстапи 10.000 војници и воени возила потребни според сценариото. Точната сума потрошена за овој филм не е позната, но од она што го знаеме е дека е нешто помеѓу 7 и 12 милиони тогашни долари, но тука не се пресметани трошоците на Армијата и донациите од 58 државни компании кои исто така му помогнаа на филмот финансиски – се сеќава Маја Медик, организаторка на изложбата. Медиќ исто така раскажа дека Пабло Пикасо го направил плакатот за англиската верзија на филмот, а хонарар не побарал. poaer -Пикасо за својот труд не побарал никаков надомест, туку само кутија од најдобро локално вино. Филмот премиерно беше прикажан во Сараево на 29 ноември 1969 година, а присуствуваа Омар Шариф, Софија Лорен и многу други познати личности од тоа време… Филмот беше номиниран и за Оскар како еден од најдобрите пет, раскажа Медиќ. Битката кај Неретва е еден од петте најскапи филмови на сите времиња од неанглиско говорно подарачје, снимен според вистински настан од Втората светска војна, а буџетот за овој филм бил лично одобрен од Јосип Броз Тито. ]]>

Најнови вести

Најново од Видеа, Магазин

Најчитани вести