„Па ова не е нормално бе луѓе, јас не сум спортист, не можам да спијам со три жени во исто време, нормално дека се е измислено“, вели славниот актер Џорџ Клуни откако медиумите во последниот период го поврзаа со дури три жени. Прво со Кејти Холмс, па хрватската манекенка Моника Јакшиќ и последно со британската адвокатка Амал Алмудин. Но, Клуни вели дека во моментов нема партнерка и дека се се сведува само на фантазијата на новинарите.


