Новиот спот од албумот „The 20/20 Experience“ Џастин Тимбелејк го снимил за песната „ТКО“. Партнерка во ова видео му е внуката на Елвис Присли, Рајли Кио, со која во видеото се претставени како љубовен пар, но таа го малтретира популарниот пејач, со тавка го удира по глава и на крај го фрла од една карпа.
Во видеото кое трае седум минути, Тимберлејк минува низ вистински пекол, но најлошото доаѓа кога Рајли го влече низ пустина врзаниот пејач.
За само три дена спотот на Тимберлејк на ЈутјЈуб има над 3 милиони посети.


