Индија денеска лансираше вселенско летало на Марс, што ја прави првата азиска земја која ќе испрати своја мисија на црвената планета и дел од малиот број на земји кои ќе се обидат да ги освојат вселенските територии.
Мисијата, во вредност од 73 милиони долари, започна со лансирање на вселенската ракета од индиските острови Шрихарикота, пренесуваат светските агенции.
Ако планот се реализира како што е предвидено, индискиот сателит ќе стигне на Марс за 300 дена. Досега само САД, Русија и Европа имаат лансирани вселенски бродови кои успешно слетаа на Црвената планета. .
Преку овој свој подвиг, Индија се надева дека ќе ја покаже својата технолошка моќ во истражувањето на Сончевиот систем.
-Имаме уште многу учиме за и за Универзумот и за Сончевиот систем, и тоа е истражување на човештвото од самиот почеток, изјави пред самото полетување на сателитот, шефот на Индиската вселенска истражувачка организација К. Радакиршнан.
Индија ја гледа својата мисија на Марс првенствено како „демонстрација на технологијата“, додаде тој.
Повеќе од половината од светските обиди да се стигне до Марс беа неуспешни – од вкупно 40 обиди, 23 не успеаа, вклучувајќи ја и мисијата на Јапонија во 1999 година и на Кина во 2011 година. .
Индиската ракета, која е опремена со сите потребни инструменти, треба да се собере информации за тоа што се случило со водата, за која се верува дека ја имало некогаш во огромни количини на Марс, и за метанот, кој е многу клучен за животот на Земјата и би можел да исчезне од геолошките процеси.
Ниту еден од инструментите не може целосно да одговори на овие прашања, но експертите велат дека податоците што ќе се соберат ќе помогнат во подоброто разбирање на геолошките процеси на планетата, условите кои можеле да овозможат живот и каде тој на друго место во Универзумот би можел да постои.


