Јавно тестирање на претседателот на Уганда за присуство на ХИВ-вирусот

Претседтаелот на Уганда Јовери Мусевени јавно се тестираше за присуство на ХИВ-вирусот истакнувајќи дека сака сите жители на таа држава да го знаат својот статус кога станува збор за Сидата, доколку државата сака да го сузбие се поголемиот број нови инфицирани луѓе.

Официјални претставници од Уганда ретко се тестираат на ХИВ вирус и покрај повиците на активисти за борба против Сидата во таа источно африканска држава.

Властите сакаат до крајот на 2014 година да тестираат 15 милиони луѓе по порастот на стапката на заразени со ХИВ-вирусот во државата која некогаш беше лидер во борбата против таа болест. Според истражување од 2011 година, стапката на заразени со ХИВ-вирусот во Уганда изнесува 7,3 отсто што е повеќе од 6,4 отсто регистрирани во 2005 година.

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести