Доделување стипендии „Борис Трајковски“ за академската 2013/2014 година

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов,  денеска свечено ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2013/2014 година.

Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација – МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии, при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.

Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот „Шефилд“.

Најчитани вести