Викендов повторно локална нестабилност и услови за невреме

Викендов, во сабота и недела, 6 и 7 јуни 2026 година, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во сабота, 6 јуни.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во сабота попладне, локално ќе има услови атмосферските процеси да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а дневните од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината утринската температура ќе се движи меѓу 15 и 16 степени, а дневната ќе достигне од 30 до 31 степен.

извор: trn.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести