ТРОГАТЕЛНО Ќелав учител стана национален херој и хит на социјалните мрежи

Ирански учител стана национален херој и апсолутен хит на социјалните мрежи откако во знак на солидарност со својот ученик си ја избричи главата. Али Мохамадиан (45), учител во едно иранско основно училиште се решил на овој потег откако забележал дека децата од одделението го исмејуваат болниот ученик Махан Рахими. Иранските лекари утврдиле дека Махан има проблеми со имунитетот, а од болеста му паднала и косата, пишува весникот Гардијан.

„Махан беше изолиран откако му падна косата поради болеста, исчезна насмевката од неговото лице и бев загрижен за него и неговите оцени. Затоа решив да ја избричам главата за да му помогнам да се врати на вистинскиот пат“, напишал учителот откако на Фејсбук ја објавил фотографијата со новата фризура.
Се разбира, следувале илјадници „лајкови“, а Али преку ноќ станал национален херој. Гостувал во бројни емисии на телевизиите, го примил и министерот за образование, а дури и лично бил пофален од претседателот Хасан Рохани, кој решил и финансиски да го помогне лечењето на момчето.
Меѓутоа, ништо од тоа не го израдувало толку малиот Махан колку реакцијата на неговите соученици кои во знак на солидарност исто така ги избричиле главите и исмејувањето го замениле со поддршка на болниот другар.
alimohammadan1_290114_fejs
]]>

Најнови вести

Најново од Топ Вести