Следете ја ВО ЖИВО: Демонстрантите го пробија полицискиот кордон околу Парламентот во Киев

Демонстрантите во Киев го пробија кордонот околу Парламентот и се обидуваат да влезат во зградата, јави ИТАР-ТАСС.

Обезбедувањето на Парламентот се повлекло во близкиот парк. Полицијата тврди дека демонстнатите ги радикализирале своите акции и со себе носат огнено оружје и куршуми.

– Од зградата на Парламентот почната итна евакуација, изјави пратеникот Володимир Литвин.

Според локална телевизија демонстрантите нападнаа и полициски кордон околу плоштадот „Независност“ и држат како заложници неколкумина припадници на специјалната полиција „Беркут“. 

]]>

Најнови вести

Најново од Топ Вести

Најчитани вести