(ФОТО) Загина едно лице во сообраќајка на излезот од Битола

Средовечен битолчанец го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 13 часот на улицата „Иво Рибар-Лола“, на излезот од Битола, во непосредна близина на градскиот стадион под Тумбе Кафе.

Веднаш по несреќата, пристигнале екипи на СВР-Битола и итна медицинска помош кои констатирале смрт на средовечен маж. Стручни екипи вршат истрага за утврдување на идентитетот и причините на сообраќајната несреќа или несреќниот случај во која животот го загуби едно лице. ]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести