(ВИДЕО) Уапсени двајца неготинци од Катастарот за „примање поткуп“

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство-Кавадарци поднесе кривична пријава против лицата З.Ј.(32) од Неготино, референт за прием на пријави/барања во одделение за катастар на недвижности Неготино и Д.Ѓ. (44) од Неготино, вработен како помлад соработник за геодетски работи поврзани со изготвување податоци и запишување промени во катастарот на недвижности  во одделение за катастар на недвижности-Неготино, за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Пријавените, во својство на службени лица, а заради стекнување со противправна имотна корист примиле парични средства-поткуп во износ од 400 евра, за да извршат упис на куќа и дуќан, без соодветно барање за упис на недвижност-објект и без геодетски елаборат.

На денешната прес – конференција портпаролот на МВР Иво Котевски инфромира дека З.Ј. и Д.Ѓ. завчера на оштетено лице од Неготино му побарале поткуп во износ од 900 евра, а вчера примиле поткуп во износ од 400 евра, во договор останатите 500 евра дополнително да им ги даде, со цел на име на оштетеното лице, односно во негова сопственост да впишат куќа и дуќан без притоа да се поднесе барање за упис на недвижност-објект и геодетски елаборат, што е спротивно на Закон за катастар на недвижности.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести