Дешчицја:Украина практично се наоѓа во состојба на војна со Русија

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Дешчицја, денеска изјави дека неговата земја практично се наоѓа во состојба на војна со Русија, по дополнителниот притисок на Москва врз Киев и тврдењето дека на истокот на Украина владее безаконие.

-Мораме да признаеме дека нашиот живот сега во многу нешта наликува….. на војна, рече шефот на украинската дипломатија пред средбата со своите колеги од Белгија, Холандија и Луксембург.

„Мораме да се соочиме со агресија што не ја сфаќаме“, рече Дешчицја и додаде дека Украина смета на помошта од Западот.

Министерството за надворешни работи на Русија претходно денеска изрази загриженост поради „безаконието што во моментов царува во источните области на Украина како последица на активностите на борците од таканаречениот десен сектор, со знаење на  новите власти“.

Дешчицја, во интервју за руската агенција Интерфакс, изјави дека Украина може да поднесе тужба пред меѓународните судови заради руските акции на Крим, што сега го контролираат руските сили.

Тој, исто така, најави дека Украина и Европската унија на 21 март ќе можат да го потпишат политичкиот дел од Спогодбата за придружување.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести