Моџтаба Хамнеи: За Америка нема место во регионот, крајот на ционистичкиот режим е близу

За Америка нема место во регионот, а крајот на ционистичкиот режим е близу, истакна денеска врховниот ирански водач, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, во пораката по повод почетокот на сезоната на аврамскиот хаџ.

– Покрај тоа што веќе немаат сигурно прибежиште за зло и за воспоставување воени бази во регионот, Америка од ден на ден се оддалечува од својот претходен статус – изјави Моџтаба Хамнеи, пренесува Тасним.

Тој истакна дека „нестабилниот и канцероген ционистички режим, исто така, се приближува кон завршните фази од својот злокобен живот и дека нема да постои 25 години подоцна, ако даде Господ“.

Моџтаба Хамнеи кажа дека во различни делови на Иран и светот, по овие благословени денови, „смрт за Америка“ и „смрт за Израел“ ќе бидат заеднички слогани на исламската нација и на угнетените во светот, особено на младите.

Тој рече дека „иранските аџии во овогодишниот хаџ играат ефикасна и истакната улога во пренесувањето на приказната за победата во третата наметната војна на своите други муслимански браќа и сестри, давајќи им надеж за светла иднина“.

– Иднината ѝ припаѓа на исламската нација и на новата исламска цивилизација, и секој од нас може да игра улога во остварувањето на оваа иднина и во приближувањето кон неа, во согласност со иранските напори, капацитети и одговорност – истакна Моџтаба Хамнеи.

Текстот на пораката на водачот на Исламската револуција до исламската нација, утрово го прочита Хоџатолеслам Вал-Муслимин, заменик-претставник на Врховниот водач и водач на иранските аџии во пустината Арафат.

МИА

Најчитани вести