Ова се лаги во кои со години веруваме, време е за вистината

Невистините кои ќе ви ги претставиме се општо прифатени речиси секаде во светот. Меѓутоа, дојде време да дознаете кои луѓе ве лажеле.

Живееме во големи заблуди. Во текот на нашето растење, сите, семејството, професорите, пријателите, ни зборувале работи т.е. факти кои сме ги земале здраво за готово. Секако, нормално било и да веруваме. Меѓутоа, од тие факти кои сме ги прифатиле како вистинити, голем број од нив се лаги!

Поради тоа, решивме да ви претставиме некои од тие наводни вистини кои се целосно неточни.

Никој од нас не е роден со бројот на мозочни клетки кои ги има денес. Всушност, мозокот во текот на животот продолжува да произведува клетки, а тој процес се вика неврогенеза.

Ако за фактот за мозочните клетки многу луѓе не знаеле, за приказната за златната рипка и нејзината меморија веруваме дека знаат многумина од вас. Имено, општо е прифатено дека златните рипки имаат помнење од само 30 секунди. Меѓутоа, тоа е целосна лага бидејќи тие можат да памтат нешта и со месеци.

Гром може да погоди два пати во исто место. Можеби најдобар пример за тоа е зградата на Емпајер стејт билдинг, која годишно е погодувана од гром и до 100 пати.

Лилјаците не се слепи! Иако тие користат ехолокација за навигација и лов, сепак тие можат да гледаат.

Е сега. Сигурно многу луѓе ви кажувале дека ако голтнете мастика ќе ви требаат седум години да ја сварите, или дури ќе ви се залепат цревата! Вистина е дека проголтаната мастика всушност и не ја вариме, туку тие едноставно поминуваат и го напуштаат нашето тело. И сами знаете кога ќе излезат.

Не постои нешто, т.е. лице кое има фотографска меморија. Дури и луѓето со исклучителна меморија не можат да имаат такво помнење.

Можеби сте слушнале дека луѓето веруваат дека ноктите и косата продолжуваат да растат и кога човекот ќе умре. Вистината е дека всушност кожата се собира и поради тоа се стекнува впечаток дека косата и ноктите растат и на мртовци. За оваа лага веројатно се заслужни холивудските филмови.

Кршењето на прстите, т.е. пукање што веруваме дека повеќето од вас го прават посебно кога сте нервозни, не предизвикува артритис. Од него се заболува поради други фактори – годините, дебелината или генетиката.

Зрачењето од микробрановите рерни не предизвикува рак.

Стресот не влијае многу на зголемување на притисокот. Тој во моментот може да предизвика зголемен притисок, но главните причини за хипертензија се пушењето, генетиката и неправилната исхрана.

Ноевите не ја забиваат главата во песок кога се исплашени. Всушност, тие животни кога се исплашени паѓаат на земја и се претвораат дека се мртви.

Органската храна не е целосно без пестициди. Нивото на пестицидите и кај органската и кај неорганската храна всушност е многу приближно.

Кучињата и мачките светот околу себе не го гледаат црно-бело. Вистината е дека го гледаат во нијанси на сина и на зелена боја.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести