Вакцини: Од што се прават и колку навистина се безбедни?

Вакцините содржат отрови, Вакцините предизвикуваат аутизам, Повеќе штетат од што користат, се само некои наслови кои изминатите неколку години се појавуваа во медиумите, предизвикувајќи сомнеж кај родителите кои со право се двоумеа дали да ги вакцинираат бебињата или не.

Од што се прават вакцините?

Вакцините се прават од мала количина на бактерии, вируси и останати антигени и се применуваат за да го стимулираат имунолошкиот систем за да произведе антитела, кои во случај на инфекција, брзо ќе ги препознае и ќе ги елиминира предизвикувачите.

Меѓутоа, како и многу други намирници кои ги јадеме и вакцините содржат мали количини на хемикалии кои ги чуваат од расипување и обезбедуваат нивна стерилност. Во некои случаи се случува дете да е чувствително на некоја од тие супстанции, па по вакцинирањето кај него се јавува алергиска реакција.

Во изминатата година до две, можевте да прочитате многу написи во кои се тврди дека вакцините содржат цел низ на токсини, па поради тоа на детето прават повеќе штета отколку корист. Според деталното истражување на американската педијатриска академија и невладината организација ECBT (Every Child By Two), тврдењата се неосновани и површни. Еве и поради што…

Важна е количината

Прво на што треба да се обрне внимание кога се зборува за т.н. токсини во вакцините е фактот дека секоја супстанца или материја може да биде корисна или пак штетна, во зависност од тоа во која количина се конзумира.

Второ, факт е дека некое соединение може да биде целосно безбедно наспроти фактот дека се состојат од небезбедни и понекогаш опасни елементи.

Поради тоа, пред да ја оцените некоја состојка како токсин, мора да се земат предвид повеќе параметри, а не само фактот дека токсинот е една состојка на вакцината. Тука пред се се мисли на прашањата како што се: Која количина на супстанцијата да се користи? Како да се применува? Дали да се комбинира со некој друг елемент? Дали да се користи само во една фаза на производството па потоа да се елиминира?

Најчести видови на вакцини

Постојат неколу видови на вакцини, но сите тие имаат иста задача: да спречат појава на одредена болест. Кога ќе се примеи, вакцината го поттикнува организмот да произведе антитела кои во случај ако вируси и бактерии навлезат во телото, ќе ги препознаат и ќе ги нападнат предизвикувачите. Малата количина на вируси или бактерии во вакцината многу е послаба од количината и силата на вистинските напаѓачи, така организмот не може да се разболи, но може да создаде антитела против нив и навремено да се подготви за одбрана.

Најважни видови на вакцини се:

Живи ослабени вакцини. Се прават од ослабени живи бактерии или вируси. Многу се ефикасни, иако во ретки случаи можат да предизвикаат појава на инфекции. Ова се однесува на деца со слаб имунитет.

Мртви вакцини. Многу се постабилни од живите. Се прават од микроби кои се деактивирани по хемиски пат. Мртвите вакцини пружаат послаб имунолошки одговор од живите, па поради тоа треба да се применуваат и по неколку пати за да се одржи имунитетот.

Токсикоидни вакцини. Некои типови на бактерии предизвикуваат болест создавајќи отрови, токсини кои влегуваат во крвотокот. Токсикоидните вакцини како што се тие против дифтерија и тетанус користат бактериски токсини кои се направени безопасни, за да може имунолошкиот систем да развие одбранбен механизам против нив.

Фракциони вакцини. Направени се со користење на само мал дел вируси или бактерии. Во нашата земја на децата задолжително се даваат следните вакцини: против туберкулоза, дифтерија, шарлах, пертусис, детска парализа, мали сипаници, заушки, рубеола, хепатитис Б.

Задожителни вакцини во нашата земја

Програмата за вакцинација не е иста во секоја земја, бидејќи различни болести владеат во одредени делови во светот. Во нашата земја задолжителен план на вакцинација ги опфаќа следните болести.

БЦГ против туберкулоза

Кога и во колку дози? Во породилиште. Децата кои не се вакцинирани по еден ден од нивното раѓање, вакцината мора да ја добијат до завршување на една година. Ревакцинација во 10-тата година.

ХепБ против акутен хепатитис Б Кога и во колку дози? Се дава во четири дози. Бебето првата вакцина ја добива во породилно или откако ќе наполни месец дена, втор пат кога ќе наполни два месеца, трет на шест месеци, а последниот според индикациите, откако ќе наполни една година.

ДРП против дифтерија, тетанус и шарлах Кога и во колку дози? Се дава во три дози: првата кога бебето ќе наполни два месеца, втората на три и пол и третата на пет месеци. Периодот меѓу вакцините не смее да биде покус од еден месец, обично се практикува шест недели. Ревакцинација: првата доза се дава на возраст од 17 до 24 месеци, втората на седум години, а третата и последна на 14 години.

Полио вакцини против детска парализа Постојат два типа на оваа вакцина: ОПВ орална или жива вакцина и ИПВ инактивирана, мртва вакцина која се вбризгува со инекција. Кога и во колку дози? Бебето првата вакцина ја добива кога ќе наполни два месеца. Оваа вакцина се дава заедно со ДТП вакцината во три дози, така бебето втората доза ја прима кога ќе наполни три и пол месеци, а третата на пет месеци. Ревакцинација: Првата доза во период од 17 до 24 месеци.

ХиБ ја спречува смртоносната бактерија Hemofilius influence Вакцината ја уништува бактеријата Hemofilius influence која предизвикува многу сериозни инфекции на кои се подложни бебињата и децата. Кога и во колку дози? Првата вакцина бебето ја добива на возраст од два месеца, а бидејќи се дава во три дози вакцината ХиБ бебето ќе ја прими заедно со ДТП и ОПВ на возраст од 3,5 и 5 месеци. Ревакцинација: нема.

ММР против мали сипаници, заушки и рубеола Кога и во колку дози? Вакцината бебето треба да ја прими пред првиот роденден, а најдоцна на возраст од 15 месеци. Ревакцинација; Во седмата година, пред упис во прво одделение основно училиште.

ЗА И ПРОТИВ

Како што постојат заговорници за редовната вакцинација, постојат и тие кои тврдат дека вакцините се непотребни, па дури и опасни по здравјето. Нив ги има многу, имаат свои аргументи и научни тези, кои можете да ги најдете на интернет.

Во секој случај, пред да се определите за една или друга страна, добро е да се земат предвид сите аргументи, како тие ЗА, така и тие Против вакцинацијата, па дури потоа да се донесе одлука за тоа дали своето дете ќе го вакцинирате или не. Притоа, имајте на ум дека кај нас вакцинацијата е обавезна со закон и дека евентуалната одлука за невакцинирање ја донесувата на сопствена одговорност.

На крај, сите ќе се согласите дека на родителите им е најважно децата да им пораснат здрави, среќни и задоволни, па за постигнување на оваа цел тие ќе направат се што е во нивна моќ. Се друго е работа на избор.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести