Димитров ја изневерувал Шарапова со сопругата на фудбалерот на Партизан

Руската тенисерка Марија Шарапова ја раскина врската со бугарскиот тенисер Григор Димитров, пренесуваат бугарските медиуми.

Причината за нивното раскинување е неверството на Димитров, кој убавата Марија ја изнeверил со земјачката, старлетата Николета Лозанова, која е сопруга на напаѓачот на Партизан Валери Божинов, пишува српски „Курир“. Николета и Валери се во брак од октомври 2011 година, а имаат тригодишна ќерка. Божинов од пред неколку месеци е член на фудбалскиот клуб Партизан.

Бугарските медиуми тврдат „дека било јасно дека нешто не штима во врската на двајцата врвни тенисери во текот на турнирот во Вимблдон“. Димитров на 3 јули лесно изгуби од Французинот Ришар Гаске, а медиумите дознале дека Димитров и Лозанова претходната вечер ја поминале заедно во една хотелска соба во Лондон.

22
– Марија повеќе не е наша. Григор ја изневерија Марија со Николета Лозанова“, се само некои од коментарите на бугарските медиуми.

Димитров вчера за бугарските медиуми потврдил дека раскинал со Марија Шарапова.

– Нашите патишта се разидоа. Повеќе не сме заедно. И посакувам многу среќа и успех во животот и тенисот. Јас потполно сум концентриран на својата игра и сигурен сум дека наскоро ќе дојдам до посакуваните резултати – рекол Бугаринот, кој бeше врска со Шарапова повеќе од 2,5 години.

„Знам дека навивачите го следат секој мој чекор. Знам дека приватноста во нашиот свет е релативен поим. За мене е ова лето на нов почеток“, додал популарниот Димитров.

Шарапова изминатите денови одмораше на Црногорското крајбрежје, а сега веќе е во Холандија каде снима реклама.

Бугарските медиуми наведуваат дека Марија му го одземала „поршето“ кое на Григор му го подарила пред неколку години.

sharapova1

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести