Славната пејачка и актерка Џенифер Лопез од ден на ден покажува дека годините се само број, бидејќи таа изгледа го пронашла еликсирот на младоста.
Џеј Ло го прослави 46-тиот роденден во Саутхемптон, омиленото летувалиште на жителите на Њујорк. Покрај неа цело време било нејзиното двојно помладо момче Каспер Смарт со кого неодамна повторно е во врска, а многумина се изнедадиле кога на забавата го виделе и раперот Френч Монтана кој беше во врска со ријалити ѕвездата Клои Кардашијан.

Сепак, вечерта била во знакот на славеничката. Сите помислиле само едно кога ја виделе Џенифер во црниот фустан со проѕирни прорези под кој не носела долна облека – каква секс бомба!
Очигледно е дека секси мајката на близначињата неуморно вежба, а помладото момче изгледа дека го одржува и нејзиниот дух млад.

Секако, за беспрекорниот изглед на Џеј Ло е заслужна нејзината железна дисциплина кога е во прашање физичката активност и здравата исхрана.




