Италијанската актерка Моника Белучи која публиката наскоро ќе може да ја види во новиот филм за Џејмс Бонд вели дека за неа не може да се каже дека е Бонд девојка
“Премногу сум зрела за да можам да бидам Бонд девојка. Попрво би била Бонд дама или Бонд жена“ изјавила Белучи во интервју за лондонски Гардијан, додавајќи дека е многу горда на тоа.
Прашана зошто нејзината улога во серијалот за најпознатиот филмски шпион, предизвика толку големо внимание,Белучи изјавила дека тоа е така затоа што живееме во светот на мажите
“Мажите имаат моќ во сите области: новинарство, глума, режија, банкарство, финансии, образование, Сите закони ги донеле мажите. Тие мислат дека жените се стари кога веќе не се во состојба да раѓаат. А тоа не е точно, затоа што жените се и понатаму фантастични. Со тоа што режисерот ме одба толку мене, сметам дека е вистинска револуција“ изјавила Белучи.
Сепак во животеот постои момент кога младешката убавина исчезнува:
“Иако ќе кажете дека сум убава јас имам 50, а не 20 години. Постои момент во живототоt кога морате да се соочите со времето кое поминува. Се што можам да кажам е дека јас сум подготвена на тоа, заклучила Белучи.





