Како што наближува свадбата на хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ и 28-годишниот син на српскиот фoлкер Кеба, Игор Којиќ во јавноста излегуваат се повеќе детали околу венчавката на годината.
Како што пренесува српски „Блиц“, вечерата за еден гостин ќе чини по 70 евра, на прославата се поканети 500 луѓе, а за синот на Северина се дизајнира посебна облека.
– Младенците за своите 500 гости платиле 35.000 евра само за вечерата. Гостите ќе можат да уживаат во прекрасните морски плодови и разни видови на јадења од месо – раскажува близок извор на двојката.
Севе и Игор ќе преспијат две ноќи во луксузен апартман, тоа би ги чинело 700 евра. Меѓутоа младенците овој апартман ќе го добијат бесплатно, изјавиле од хотелот „Краун плаза“ каде на големо се подготвува венчавката која е закажана за 21 ноември.
Извор за српски „Блиц“ изјавил дека Севе внимава на секој детаљ од венчавката, и сака се да биде гламурозно и за паметење.
Преку сто гости кои живеат надвор од Србија за венчавката ќе преспијат една ноќ во хотел, а за овој луксуз младениците ќе мора да издвојат и до 170 евра по човек.
Венчалниот фустан на Севе е рачна изработка на дизајнерот Марко Митановски.
Со оглед на тоа што Северина е честа гостинка на хотелот во кој ќе се одржи свадбата како свадбен подарок таа ќе добие и некои попусти.
На менито ќе се најдат разни јадења и предјадења, вино, шампањско по желба на младенците.
Со оглед на тоа што двојката има многу пријатели музичари, многу колеги се понудиле да свират и пејат гратис на свадбата.
На списокот на поканети се нашле Петар Грашо, Наташа Беквалац, Тања Савиќ, Шабан Шаулиќ, Лепа Брена, Ана Бекута и многу други.


