Северина тајно се венча на имотот на Љубе Бошкоски на Бале

Северина Вучковиќ далеку од очите на јавноста тајно се венча во Бале, а свеченоста се одржа на имотот на екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Венчавката се случила во црквата Блажена Девица Марија во Бале, а судбоносното “да“ му го кажа на 28 годишниот избраник, Игор Којиќ, поранешен српски фудбалер и син на српскиот пеач Драган Којиќ, Кеба.

 

На свеченоста биле повикани мала група гости, меѓу кои нејзиниот син Александар, нејзината мајка, кумовите Андреа Чермак од Загреб и Борис Ѓикановиќ од Белград.

Среќниот пар, далеку од очите на јавноста, фоторепортери и новинари на пладне ги венча бачјанскиот жупник, Александар Вујисиќ.

 

Гужва, паркирани автомобили и телохранители можеле да се видат пред ресторанот “Лав“, сопственост на семејството Бошкоски, кој останал затворен за сите заинтересирани.

severina1

 

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести