Некои од обожавателите на поп-ѕвездата Ријана (27) сакале да бидат сигурни дека на нејзиниот концерт во Бразил ќе имаат најдобри места па затоа се одлучиле на еден бизарен потег.
Фановите не сакале ништо да им застане на патот за да фатат што е можно подобри места за концертот „Rock in Rio“ кој се одржа пред два дена. Па за стоење во ред пред влезот на нејзиниот настап со себе зеле и пелени, за да не го изгубат местото доколку им се оди во тоалет. Фоторепортерите снимиле дел од фановите со пелени во раце, а пејачката наишла на нивната фотографија и ја споделила на својот профил на Инстаграм.
Пред самиот настап во Рио де Жанеиро, Ријана издвоила малку време за да се поздрави и да се фотографира со некои од фановите.



