Дваесетгодишната Александра Кукушев од Штип се пријави на музичкото шоу „X-Фактор“ во Софија и со својот настап ја освои и публиката и жирито.
Таа ја испеа „Piece of My Heart“ на Џенис Џоплин и повеќе од заслужено продолжува понатаму.
Младата штипјанка смета дека бугарската верзија на шоуто е подобра од српската. Според неа на бугарската музичка сцена има многу добри ар-ен-би песни, а тоа е стилот во кој таа сака да продолжи.


