Џорџ Клуни: Мртов пијан се пикнав во креветот на Синди Крафорд

Славниот актер Џорџ Клуни и неговата пријателка манекенката Синди Крафорд се познаваат со години. Џорџ и нејзиниот сопруг, Ренди Гербер, се долгодишни пријатели, но и бизнис-партнери кои покренеа сопствен бренд на омилената текила. Познато е и дека Клуни е вистински шегобиец, а откако се ожени со Амал изгледа дека уште повеќе се забавува.

Во неодамнешното интервју открил како изгледаат забавите со Синди и Ренди и можеме да заклучиме дека со задоволство би се нашле на една таква забава!

–  Во нивната куќа на забавите знае де биде многу забавно. Еднаш тргнавме да испиеме само една чашка и не знаевме како да се вратиме дома! Толку испив што отидов да легнам и мислев дека Ренди е во собата, но тој бил во другата соба, а Синди во третата, бидејќи не сакала да ги буди децата. Таа мислела дека сум Ренди, заспав во нејзиниот кревет, без да ги соблечам чизмите – толку бев пијан. Беше урнебесно! – признал Џорџ во интервју за „Екстра“.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести