Анатоли Брушков, шеф на одделот за геокриологија на Државниот Универзитет во Москва, инјектирал 3,5 милиони години стара бактерија од Сибир во своето тело и тврди дека тоа довело до значително подобрување на неговото здравје и нивото на енергија. Тој верува дека ДНК и гените во оваа бактерија може да го содржат лекот против стареењето.
Се работи за бактеријата наречена „Bacillus F“, првпат откриена во 2009 година во пермафростот на локалитетот натечен „Мамутска Гора“, во Република Јакутија на Сибир. Од нејзиното откривање, научниците, како професорот Сергеј Петров, шеф на истражувачите од Истражувачкиот центар Тјумењ, имаат направено различни експерименти на глувци и вински мушички кои покажале дека го стимулираат нивниот раст и го зајакнуваат имуниот систем. Експериментите направени на човечки еритроцити и леукоци, исто така се ветувачки.
За многу кратко време, Русите почнаа да експериментираат со глувци, а потоа и со човечка крв, но сето тоа не било доволно за еден научник.
„Работам како куче, а воопшто не се заморувам! Во последните две години не сум ни настинал“, раскажува Брушков за The Siberian Times.
„Резултатите на експериментите со глувци неа одлични, па помислив дека би било интересно истото да се испроба и на човек… Не барав доброволец многу долго“.
Како што тврди, немало никаков ризик.
„Бактеријата ја најдовме во едно езеро, а тука беше повеќе од три милиони години. Локалните жители со години пијат вода од тоа езеро, и за чудо, живеат многу подолго од останатите. Така заклучив дека нема опасност ако ја вбризгам во себе“, објаснил Бручков.
Тој признава дека ова не е официјален научен експеримент, но се чини дека бактеријата на него делува одлично.
„Не можам професионално да ги објаснам ефектите. Но, ви тврдам дека во последните две години не сум се разболел. Не сум почувствувал никакви симптоми на настинка, ни грлото не ме заболело. Можеби треба да одам на некоја клиника за детално да ме прегледаат и да пресудат“, додава.
Брушков потврдил дека во неговата лабораторија сé уште се експериментира со бактеријата.
„Мораме да откриеме како таа бактерија го забавува стареењето. Што таа му прави на механизмот на животот? Како тоа може да се искористи?“, вели Брушков.


