Најпознатата кралска двојка, принцот Чарлс и принцезата Дајана се венчаа во 1981 година, а фотографијата која деновиве е објавена во бројни медиуми предизвика огромен интерес во јавноста.
Иако на почетокот нивниот брак изгледаше како бајка, за жал, таа среќа долго не потраја. Леди Дајана во бракот се бореше со депресија и неколку пати се обиде да си го одземе животот откако принцот Чарлс ја изневеруваше со Камила Паркер Боулс, која сега му е втора сопруга.
Сепак, односите пред Камила, меѓу Чарлс и Дајан биле многу добри, што го покажува и оваа фотографија. Кралската двојка очигледно умееле да се забавува како и секоја друга двојка која нема сина крв.
Чарлс и Дајана се фотографирани во 1982 година на Бахамите, а за разлика од досега видените фотографии, оваа е повеќе од провокативна. Имено, на неа се гледа како принцот Чарлс ја фаќа сопругата за градите додека таа лежерно ја префрлила ногата преку него.



