Вработен на аеродромот во Лос Анџелес ги тужел Хали Бери (49) и нејзиниот сопруг ОливиеМартинез (49), девет месеци подоцна откако славниот актер со детско автоседиште го оттурнал, мислејќи дека се работи за еден од папарацо-фотографите. Поради тоа вработениот на аеродром сега бара пет милиони долари од актерот и неговата сопруга Хали Бери.
Роналдо Овенс работел на аеродромот кога Мартинез допатувал во Лос Анџелес од Париз, заедно со својата славна сопруга и со нивните две мали деца.
Тој го оттурнал со седиштето за бебе за да го тргне од својот пат, поради што Овенс паднал на подот. Овој инцидент се случил во јануари, а порталот ТМЗ пишува дека работникот поднел тужба против славната двојка во понеделникот, тврдејќи дека е нападнат без причина, дека не им пречел и дека го има секое право да стои тука каде што е, бидејќи е вработен на аеродромот.
Овен уште во април поднел пријава во полицијата, но обвинителот одбил кривично да го гони актерот Оливие Мартинез.
Полицијата во Лос Анџелес соопштила дека Оливие не е уапсен, но дека бил под истрага поради физичкиот напад.
Мартинез е познат по својата агресивност. Имено, тој пред две години на Денот на блгодарноста во куќата на познатата актерка го претепа и нејзиниот поранешен партнер канадскиот манекен Габриел Обри, таткото на малата Нала.
Хали и Оливие се венчаа во 2013 година, а минатата година го добија синчето Маек, чие име значи „дар од Господ“.



