Кејт Мидлтон го засени Џејмс Бонд, се појави во фустан без градник

Во Лондон се одржа премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд, „Спектар“(Spectre). На премиерата Даниел Крег пак гордо позира со своите нови Бонд девојки, славната италијанска дива Моника Белучи и младата Французинка Лу Седу.

dzems_bond1 dzems_bond2

На црвениот килим се појавија и членовите на кралското семејство, принцот Хари, принцот Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон, што го привлече целото внимание на присутните. Кејт беше облечена во син фустан со гол грб.

kejt11

Нешто што повеќе привлекло внимание е фактот што Кејт не носеше градник. Повеќето коментираат дека не е соодвето една војвотка да не носи градник.

kejt12

Филмот за Бонд долго се очекуваше во кино-салите, а Крег имал многу незгоди при снимањето. Поради повредите со кои се здобил на снимањето на сцените со борби, се претпоставувало дека филмот ќе биде завршен со задоцнување од шест месеци, но Крег одлучил да ги сними и другите сцени иако бил повреден. Најголема поддршка му била сопругата Рејчел Вајс, која исто така се појавила со него на премиерата на новиот филм.

dzems_bond

Режисер на ова продолжение е Сем Мендез, улогата на негативец овој пат му припадна на Кристоф Волц, а Ем повторно е Ралф Фајнс. Филмот „Спектар“(Spectre) е сниман во Англија, Австрија, Мексико и Мароко.

 

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести