Ќерката на холивудските актери Алек Болдвин и Ким Бесинџер на Инстаграм со обожавателите споделила фотографија од себеси и фустанот кој се обидува да го облече, но се чини дека не може да влезе во него.
– Погледнете како се обидувам да и пркосам на реалноста и да облечам фустан со помал број – напишала Ајрланд Болдвин (20), покрај фотографијата што ја споделила на Инстаграм.
Ќерката на Болдвин и Бесинџер позирала додека се обидувала да го навлече фустанот, а притоа го покажала задникот во танга, но очигледно нејзината цел била малку да ги провоцира сите оние што ја следат на социјалната мрежа.



