Лекарите на получасовен протест искажаа револт од проблемите во здравството

Пукањето во лекарот од дигестивна хирургија  ги крена на нозе лекарите и медицинскиот персонал, но ги извади на површина и проблемите во здравството. На полчасовен протест во паркот на  Државна болница со транспаренти лекарите изразија поддршка за нивниот колега и револт кон понижувачкиот статус на вработените во здравството.

Од Синдикатот на клинички центри велат дека чашата ја прелеа  последниот инцидент и лошите политики во здравството. Побараа нови законски решенија во кои ќе бидат вклучени како рамноправни партнери.

Лекарите добија поддршка од сестрите и административците од скопските клиники. И тие бараат закони кои ќе ги штитат нивните права.Се пожалија и пациентите кои секојдневно на свој грб ги чувствуваат лошо спроведените реформи во здравството.

Од Синдикатот очекуваат надлежните да ги чујат нивните барања и да отпочнат преговори за законски измени во корист на лекарите и пациентите.

Вчера лекарите од Клиниката за дигестивна хирургија во знак на револт поради повредениот хирург ги одложија за три дена сите опеации и амбулантски прегледи. Ќе се третираат само   итните случаи.

Се уште е нејасно дали министерот Тодоров ќе се сретне со Синдикатот на лекарите и здравствените работници кои излегоа на денешниот протест.

Извор: 24Вестиhttp://24vesti.mk/lekarite-na-poluchasoven-protest-iskazhaa-revolt-od-problemite-vo-zdravstvoto

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести