Чарли Шин ќе гостува во Today show, каде се очекува да зборува за гласините околу тоа дека е ХИВ позитивен, јавува ЕТ.
50-годишниот актер е подготвен за „лично признание“ во ексклузивното интервју за утринската емисија на Ен-Би-Си, каде што тој ќе гостува во живо.
По одлуката на Шин да се појави во шоуто, еден таблоид излезе со тврдење дека поранешната ѕвезда на „Два и пол мажи“, знаел за неговата дијагноза уште пред четири години. Според таблоидот, Шин “направил потресна исповед” пред повеќе лица, а веќе започнал и третман со лекови со цел да се отстранат ефектите на болеста.
Чарли Шин беше три пат во брак, има пет деца, познат е по аферите со голем број актерки, манекенки и порно ѕвезди, а има користено услуги и на проститутки. Неколку пати беше на рехабилитација и на третмани за одвикнување од алкохол и дрога.


