Скандал: Чарлс не е татко на принцот Хари?

Скандал околу татковството на принцот Хари. Најновите гласини велат дека црвената коса на Хари и неговата брада, се потврда дека тој не е син на принцот Чарлс.

Според пишувањата на таблоидите, долгогодишната романтична љубов на покојната принцеза Дијана кон Џејмс Хјуит, беше поткрепена со актот на продажба на осум приватни љубовни писма од Лејди Ди до него. Наводно, своерачно напишаните интимни белешки за време на нејзината брачна криза, го опишуваат страдање на Дијана и чувството на заробеник во бракот со Чарлс.

Поранешниот на Дијана е опишан како “cash-strapped” и ја користи распродажбата на писмата за да заработи поголема сума на пари. Извори велат дека кралското семејство стравува дека информациите содржани во писмата за татковството на принцот Хари, може да ја посрамоти Бакингемската палата и британската монархија.

diana_hjuit

Хјуит, поранешниот коњички офицер во британската армија, кој беше 5 години таен љубовник на принцезата од Велс, признава дека луѓето го споредуваат изгледот на Хари со неговиот, но е категоричен: “Не постои никаква реална можност дека сум татко на Хари. Јас апсолутно ве уверувам дека не сум.”

Наводно, првите писма, кои вклучуваат и приказни за љубовта и сексуалните односи на Дијана со Џејмс, како и нејзиниот презир за Камила, веќе се понудени на аукција. Експертите веруваат дека тие можат да привлечат понуди до 150.000 $.

Не е јасно дали приказната за татковството на принцот Хари е веродостојна, но еден извор во врска со последните настани, наводно изјавил:

“Дијана мора да се превртува во нејзиниот гроб.”

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести