Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска рекордери на списокот за помилување на Иванов

Претседателот Иванов во својата одлука за помилување неколку функционери амнестирал пред спроведување на постапка и по повеќе пати. Рекордер е екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој бил помилуван 16 пати, а веднаш зад него е екс министерката Гордана Јанкуловска за која Иванов потпишал дури 11 помилувања. Иванов го помилувал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ 5 пати за 5 различни дела поврзани со содржината на бомбите. Сашо Мијалков исто така е во првата тројка, помилуван е 6 пати. Помилуван е поранешниот премиер и претседател на Македонија и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Еве ја листата на сите кои имаат повеќе од едно помилување, а на листата се и екс разузнавачот Верушевски, како и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

1. Миле Јанакиески 16 пати помилуван

2. Гордана Јанкуловска 13 пати помилувана

3. Сашо Мијалков 6 пати

4. Никола Груевски 5 пати

4. Мартин Протогер 5 пати

6. Кирил Божиновски 4 пати

7. Горан Грујевски 3 пати

8. Ирена Мишева  2 пати

8. Љупчо Тодоровски 2 пати

8. Зоран Заев 2 пати

8. Зоран Верушевски 2 пати помилуван

 

Иванов го помилувал и претседателот на Собранието Трајко Вељановски против кого заедно со Гордана Јанкуловска за еден случај го истражува специјалното обвинителство. Интересно е дека во истиот Службен весник каде Вељановски е помилуван, неговото име стои и кај закони кои тој ги потпишал како претседател на Парламентот.

Помилувана е претседателката на советот на град Скопје Ирена Мишева, и тоа во два различни случаи. Началникот на 5-тата управа (надлежна за следење на комуникации) Горан Грујевски според списокот на Иванов бил вмешан во три различни истраги за криминал и злоупотреби на прислушувањето и толку пати е помилуван.

Генералниот секретар на владата Кирил Божиновски е помилуван 4 пати, но сепак на листата на рекордери е зад неговиот претходник Мартин Протогер кого Иванов го амнестирал 5 пати.

Два пати е помилуван и екс директорот на Бирото за јавна безбедност на МВР Љупчо Тодоровски- Радникот.

Двапати амнестија пред судење добил и претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во два случаи (Пуч и пресудата за пиштолот) е амнестиран и Зоран Верушевски.

На списокот помилувани се наоѓа и државјанинот на Израел, Хаик Хакијни, кој исто беше дел од бомбите за провизии при купување опрема од еврејската држава а не е ниту македонски државјанин ниту функционер.

Меѓу помилуваните е и директорот во Телеком, Жарко Луковски како и Божидар Јанковски -Бобо Дајнерс, сопругот на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

На списокот го нема лидерот на ОМ, Љубе Бошковски, за “Ровер”, иако тој случај е преземен од СЈО.

Ги нема ниту обвинетите и осудените во случајот “Шпиун” (Ване Цветанов, Горан Стојков, Марјан Ефремов и други) иако СЈО и овој случај го презеде во своја надлежност.

Извор:Телма

Најнови вести

Најново од Македонија, Хроника

Најчитани вести