Повозрасен пешак утринава загина во сообраќајна несреќа на булеварот „Теодосиј Гологанов, во близина на поранешна „Алумина“.
Според полициски извори несреќата се случила околу 9.30. Автомобил марка „Киа“ со скопски регистарски таблици, со голема брзина удрил во пешакот и го усмртин на лице место. Неговиот идентитет се уште не се соопштува.


