Ненад Јовановиќ: Неколку аргументации за дератизација на Македонија

Груевски ја претвори македонската политика така што во неа може седа се измери со пари. Сечија принципиелност. Патриотизам. Карактер. Лојалност. Чесност. Глас. Оваа професија стана доброволен плен на сегнасно. А исплатливо. Супермаркет во кој својата политичка „оставштина“ се претвара во готовина.

Практично, нема македонски политичар кој не мисли дека Македонците се стока. Теориски, нема Македонец кој мисли дека овдешните политичари се прва генерација на кои опашот им е отпаднат. И сите се во право. Во ваква татковина од конфузија, имам впечаток како да постојат стотици паралелни Македонии кои ниедна според својот табиет и карактер, не’ комуницира со онаа другата. Како во некоја Европска држава во која постојат стар, среден и нов век. Ваква држава, нашиот живот и тоа што немаме нормална влада, претставува нечиј проект и одржува нечиј интерес.

Груевски ја претвори македонската политика така што во неа може се’ да се измери со пари. Сечија принципиелност. Патриотизам. Карактер. Лојалност. Чесност. Глас. Оваа професија стана доброволен плен на се’ гнасно. А исплатливо. Супермаркет во кој својата политичка „оставштина“ се претвара во готовина.

Клептократска елита – политичка, финансиска, системска и мафијашка – sверски откинуваше парче по парече од слободата, разградуваше дел по дел од демократскиот потенцијал, пљачканото го редеше во своите трезори, својата партија, своите медиуми и својот имот. Елитата ги предизвика своите, Груевски и оној блесав Иванов, ги побараа како гаранција дека законот ќе вреди еднакво за сите, што значи дека ќе вреди само за нив. Ништо построго, ништо поблаго. Како и за оние кои крадеа и убиваа, дека нема да има линч, освета и хајки, апсења на парадржавната мафија, политички суд и медиумска обдукција.

Секој груевистички фиќфириќ се сокри позади таканаречените принципи, не’ признавајќи ги интересите. Секој еден веруваше изминативе години, попатно дерејќи ја Македонија, дека работи за добро на својата татковина. Сите оние кои мораа да бидат казнети како би можела Македонија да биде наградена, денешните нејзини сопственици, оние кои лажат за сите пари, тајни братства, крвожедни вампири – повторно се сокрија во некаква шуплина на милосрдието и хуманизмот. Сега сите чекаат дали одговорот ќе биде „пичкаст“ или „курчевид“.

Сите се скриени позади таканаречените принципи. Има драма, нема трагедија. Голема агонија на расплет, што сепак, после се’, се ближат избори. Пак што? Следи појаснување. Бркање на СДСМ од парламентот, државен удар. Соработка со мафијата, државен удар. Крадење на гласови, државен удар. Инсталирање на корупција, државен удар. Злоупотреба на правосуден систем, државен удар. Поставување на Сашо Мијалков за директор на Македонија, државен удар. Апсење на Љубе Бошковски заради политичко-идеолошко несогласување, државен удар. Апсење на Томислав Кежаровски за напишан новински текст, државен удар. Хушкање и клеветење на поединци, здруженија од невладиниот сектор, државен удар. Притворање на активисти, државен удар. Апсење на Здравко Савески, професор и лидер на Левицата, државен удар. Лустрација, државен удар. Гушење на слободата, државен удар. Молчење за убиството на Смилковско езеро, државен удар. Препуштање на полицијата во приватни и мафијашки раце, државен удар. Задолжување на Македонија во милијарди евра, државен удар. Узурпација на сите јавни простори и неможност за артикулирање и собирање поголеми групи на луѓе во Скопје, државен удар. Антиквизација и Скопје 2014., државен удар. Тоа пак, што мене лично ме однесоa два пати на суд заради „мојата муцка“ преку кавадаречкиот градоначалник, тоа ќе им го простам: Општина која мисли дека своето постоење се заснова само за да лупа печати, не може да знае што е тоа град… итн.

Секогаш кога Груевски беше загрозен со своите грпации, правеа државен удар. Правеа државни удари секогаш кога нивните интереси беа доведени во прашање. Не може да има политички договор без гаранции дека Груевци ќе бидат оттргнати од своите политички интереси. ДПМНЕ мора да се расформира комплетно и да се поведе поставка за нови луѓе и ново лидерство. Затоа што тие чим почувувствуваат дека се загрозени, ќе се држат до тоа изборите да бидат одложени.

Сега, во часот на големиот триумф, Зоран Заев мора да го прифати предизвикот. Мора да ги добие сите расположиви сили, вклучително и целиот граѓански сектор, луѓе, експерти, здруженија на преговарачка маса. Тука, на таквата позиција ќе добие нешто што до сега ниеден лидер го немал: можност да се растури сета хиерaрхиска клика на груевизмот. Тоа е најголемата и најдобрата можна позиција на Заев. Да ги ресетираат сите договори и да побара јасен датум за распишување на избори до крајот на октомври или почетокот на ноември. Попатно, мора да предложи пакет за уредување на растурената до темел Македонија. А после изборите да биде доволно јак, така што ќе освои најмногу места во парламентот, да ја обнови и дератизира Македонија од политичари со минус државничка, политичка и социјална одговорност, да ја исфрли силата од македонската политика, да ги отвори прашањата на институциите кои ги наследува од груевистичкиот систем, па, со политичка волја и малку среќа, да тргне Македонија во комплетна деинфантилизација, односно денацификација на земјата. Така, уврен сум, ќе добие „ветар во грб“ од сите Западни Европски сили.

Зоран Заев мора да се обиде, мора на Македонија да и’ даде избор. Има право овој народ, барем тоа се изнагледавме, и на самоубиство. Доста време умиравме кукавички! На рати. Споро. Системски. Низ апатија во туѓа корист. Нека конечно иднината падне во наши раце, па ако не сме кадарни, нека не потепа како глувци. А, ако Зоран Заев силно верува, може да надвладее, а може, ако мене ме прашате.

Зоране, одлучи мудро! Ќе стигне помош, верувам.

 

Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист

 

 

 

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести