Повторно неидентификувано беспилотно летало го наруши воздушниот простор на Летонија

Неидентификувано беспилотно летало денеска повторно навлезе во воздушниот простор на Летонија, поради што в во неколку региони беше прогласена воздушна тревога, а полетаа и воени авиони на НАТО. Тоа е трет таков инцидент за три дена во Летонија.

Националните вооружени сили на Летонија потврдија дека е регистрирано најмалку едно беспилотно летало во воздушниот простор на земјата. Како одговор на заканата, активирани се борбени авиони на НАТО задолжени за мисии на воздушната полиција над Балтикот. Жителите на погодените области беа повикани да останат во затворени простории и да побараат засолниште во зградите, почитувајќи го „правилото на два ѕида“, мерка за цивилна заштита што ја намалува изложеноста на експлозии.

Летонската армија соопшти и дека ги зајакнала капацитетите за противвоздушна одбрана на источната граница со распоредување дополнителни единици.

На 7 мај украински дрон се урна врз нафтен објект во источна Летонија. Постои сомневање дека беспилотното летало било пренасочено со руски контрамерки. Инцидент предизвика политичка криза, што доведе до оставка на летонската премиерка Евика Силина на 14 мај.

Летонија со Русија има граница долга 283 километри и 173 километри граница со Белорусија. Балтичката држава се наоѓа во источното крило на НАТО, во непосредна близина на војната во Украина.

Слични инциденти се регистрирани и во соседните балтички држави. На 18 мај борбен авион на НАТО собори украински дрон откако навлезе во естонскиот воздушен простор. И во тој случај постои сомневање дека Русија ги попречила системите на дронот и го пренасочила.

Литванија, исто така, прогласи воздушен тревога на 20 мај, откако сомнителен дрон влезе во нејзиниот воздушен простор од Белорусија. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести