Кралицата Елизабета Втора ја прими во Бакингемската палата хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во рамките на нејзината прва службена посета на Велика Британија, а снимената средба Колинда ја споделила на својот профил на Фејсбук, но, без сопругот!
Нивната средба следувала седум месеци откако во март при дводневната посета на Хрватска престојуваа британскиот престолонаследник Чарлс и неговата сопруга Камила, војводката од Корнвол, во рамките на турнејата по регионот. Таа посега немаше политичка димензија.
Kолинда, протоколарно, се фотографирала со кралицата. Во нејзиното друштво бил и нејзиниот сопруг Јаков, кој се наоаѓал веднаш зад сопругата. Фотографите го забележале моментот во кој Колинда се смеe покрај британската кралица, додека Јаков стои зад неа. Истата фотографија Колинда ја објавила на Фејсбук, но со една разлика – Јаков го нема на фотогрфијата.
Имено, претседателката на Хрватска од некоја причина го исекла делот од фотографијата на која се гледа Јаков.

„Пријатен разговор со кралицата Елизабета Втора на почетокот на мојата посега на Велика Британија“, стои во описот на фотографијата.


