Седумгодишно момче го прободело со нож братчето заради компјутерска игра

Седумгодишно момче го прободело својот брат  на возраст од 14 години, поради расправија за компјутерска игра, во Дебар.

Имено, како што соопшти полицијата,во средата околу 9 часот во Дебар, на ул. „Ибраим Колари“, во домот сопственост на Б.А. во дневната соба настанала расправија помеѓу четиринаесетгодишно и седумгодишно момче, поради игра на компјутер.

Во расправијата седумгодишникот со кујнски нож го прободел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка. Во 13 часот една сосетка го однела повредениот во Клинички центар Дебар од каде, по укажаната медицинска помош, во 14.30 часот со возило на Итна медицинска помош бил препратен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести