Ја силувал четиринаесетгодишната братучетка

Четиринаесетгодишно девојче пријавило во полиција дека во два наврати била силувана од нејзиниот братучед.

Девојчето вчера заедно со нејзиниот татко пријавиле дека И.Н. (18) од Битола, кој е нејзин прв братучед и кој извесен период живеел во Ресен заедно со нив, во два наврати извршил полови дејствија над неа.

Првиот полов напад се случил пред Нова Година и по нејзино кажување, била уплашена и не кажала ништо на нејзините родители. Пред една недела отишла во Битола кај нејзината тетка каде што дошол и нејзиниот братучед кој по втор пат ја злоставил. За тоа дознала тетка ѝ и веднаш му кажала на нејзиниот татко.policija_2_BRIF

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести