Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на патот Скопје-Велес кај селото ’Ржаничино.
До несреќата дошло кога се судриле автомобили Ауди А4 и Цитроен Саксо, двете со скопски регистерски ознаки, по што Аудито излетало од коловозот и удрило во оградата од двор на куќа. На лице место животот го загубиле 54-годишниот Ш.С. и 25-годишниот Б.С. кои се во роднинска врска, додека во болницата „Св. Наум Охридски“ на преглед се јавил 21-годишниот А.С. но засега нема информации за карактерот на повредите.
Полицијата го испитува случајот.


