(ФОТО) Омилената боја на Принц не била пурпурната?

Дали е можно дека “пурпурниот” всушност треба да се нарекува “портокаловиот”?

Роџер Нелсон, попознат како Принц и пурпурната боја имаат долга историја во која беа вклучени неговите инструменти, неговата гардероба и неговата хит песна и филм “Пурпурен дожд”. Институтот за боја, Пантоне, дури создаде и официјална пурпурна боја за него и ја нарече “Love Symbol # 2”.

Но, во интервју со Evening Standard, за претстојната изложба посветена на Принц, сестрата на починатиот пејач, Тика Нелсон, вели дека не бил толку луд за пурпурната боја, како што се мисли.

Нелсон рече: “Најдоброто парче [на изложбата] за мене е неговата портокалова Облачна гитара. Чудно е што луѓето секогаш го поврзуваат со пурпурната боја, но неговата омилена боја е всушност портокаловата.”

Може да звучи чудно, со оглед на афинитетот на Принц за пурпурната боја, но по понатамошна истрага, има многу примери каде што починатиот пејач ја преферирал портокаловата наместо пурпурната.

Во 2004 година, тој носел портокалова капа за Annual Tiger Woods Tiger Jam.

princ

Во 2006, тој настапи пред портокалови звучници во Добро утро Америка.

princ_1

Во 2007 година, тој се појави во портокалов костум за прес-конференцијата на Супер Боул.

princ_2

И во 2015 година, на “Греми” тој носеше комплет од портокалова кожа.

princ_3

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести