Синоќа во скопската населба Црниче, син со нож, до смрт го избодел својот татко. Настанот бил пријавен во полиција околу 22.15 часот.
Неофицијално избодениот човек, Љ. Т, е поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.
Полицијата го пронашла 68-годишниот скопјанец на прагот од дневната соба со убодни рани од нож. Сопругата, која била сведок, седела со сопругот во дневната соба, кога дошол синот, ја скршил влезната врата, нејзе ја избркал, а потоа го нападнал таткото.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека 41-годишниот син подоцна се пријавил во Ургентен центар, барајќи лекарска помош затоа што имал расекотина на десната рака.
Синот е приведен и задржан во полициската станица, Кисела Вода.


