На голем дел од верниците во македонската православна црква црквата „Св. Никола“ – Престон кај Мелбурн не им е дозволен влезот. Како што се гледа од видеото објавено на Фејсбук, Австралиско-новозеландскиот епископ г.Петар вработил приватно обезбедување во црквата кое има список на верници кои можат да влезат во храмот.


