На седница на советот на Општина Аеродром, како дополна беше поставена точката за иницирање референдум на локално ниво против населување на мигранти, по предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. При расправата по предлогот дојде до инцидент предизвикан од страна на советникот од ТМРО, Александар Шехтански, кој е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Додека советникот на СДСМ Марко Данилоски зборуваше од говорницата, советникот од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Александар Шехтански вербално и физички се обиде да се пресмета со Данилоски.
За сето време, претседателот на Советот, Камиловски, ниту го опомена, ниту го спречи, советникот Шехтански.


