Хиџаб и Абаја фустани заземаат централна позиција на модната писта во Њујорк, бидејќи индонезиските дизајнери започнаа разновидна модна недела, надевајќи се дека ќе ги променат предрасудите на западот.

Американските медиуми објавија дека модната индустрија сè повеќе добива политичка улога, бидејќи се обидува да ја претстави разновидноста и прифатливоста на муслиманските стилови на облекување во земјата каде што претседател е Доналд Трамп.

Дизајнерката Диан Пеланги рече дека има за цел да му покаже на светот дека жената може да биде убава и елегантна со хиџаб. Слични пораки беа испратени и од дизајнерката Виви Зубеди, која исто така ја спомна политиката на американскиот претседател, кој се обидува да ја ограничи имиграцијата на муслиманите.
“Претседателе, ја сакаме вашата земја и го сакаме вашиот народ, нема ништо да ви направиме вас, ниту на вашиот народ. Ние сме сите исти, станува збор за човештвото”, рече Зубеди.

Оваа дизајнерка од Џакарта укажува дека има многу клиенти од САД, велејќи дека хиџабот е убав и дека во крајна линија сите сме луѓе, без оглед на верската припадност.


