МВР: 500 евра казна за лицето кое сакаше да го испрска Груевски со спреј

Откако полицијата вчера приведе граѓанин кој се обиде да го испрска со спреј лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додека тој говореше на митинг кај хотелот „Јадран“ во центарот на Скопје, денеска се огласија и од МВР.
Од таму го потврдија инцидентот и против лицето Р.Р. ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и член 80 од Законот за оружје, наедно издаден му е и платен налог во висина од 500 евра.

– За време на одржување на собирот, во 21,55 часот во полициската станица Центар бил приведен Р.Р.(36) од Скопје, бидејќи прснал со гасен спреј за заштита во правец на бината, во време кога говорел претседателот на политичката партија ВМРО ДПМНЕ. Во 22,15 часот во истата полициска станица, Д.Г.(29) од с.Орешани-скопско кој бил во публиката во непосредна близина на бината, се пријавил како оштетено лице (испрскан од спреј-солзавец) од страна на Р.Р. – се наведува во соопштението од МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести